Во последната деценија се направени многу студии за мерење природна радиоактивност во региони на Република Македонија. Сепак, информациите за експозицијата на терестријалните зрачења и следствено процената на ризикот од нив не беа достапни. Во оваа студија, процената на ризикот беше направена врз основа на специфичните активности на 226Ra, 232Th, 40K и 137Cs во површинската почва. Резултатите укажуваат на тоа дека надворешните гама-дози што потекнуваат од природните радионуклиди во почвите се повисоки во однос на оние од 137Cs. Брзината на апсорбираната доза во воздухот варира во интервали: од 4,3 до 57 nGy / h (од 226Ra); од 3,9 до 88 nGy / h (од 232Th); од 3,3 до 58 nGy / h (од 40K); од 0.01 до 5.3 nGy / h (од 137Cs). Проценетите средни годишни ефективни дози што потекнуваат од природните радионуклиди и 137Cs во почвите на Република Македонија се 78 μSv и 1.01 μSv, соодветно. Вредностите на индексот на надворешна опасност Hex општо укажуваат на низок ризик од гама-зрачење за населението кое живее во Република Македонија. [ABSTRACT FROM AUTHOR]