Вовед: Панкреатичниот карцином е малигнитет со лоша прогноза и за квалитетот на жи- вот и за вкупното преживување. Инциденцата е различна, 7,7 на 100000 жители во Европа, 7,6/100000 во САД, 2,2/100000 во Африка. Единственото вистинско лекување е хирургија, дуоде- нопанкратектомија. Клучни моменти за оваа процедура се радикалноста, нискиот морбидитет, нискиот морталитет, како и следењето и очекуваното вкупно преживување. Најважен дел од процедурата е панкреатокојејуноанастомозата, со нејзината критична стапица, постоператив- ната панкреатична фистула, од типот Б и Ц. Следствено на ова, начинот на креирање на пан- кратикојејуноанастомозата ја дефинира безбедноста, а со тоа и постоперативниот морбидитет и морталитет. Секако, на крајот, ова најмногу зависи од хирургот и од хируршката техника при креирањето на анастомозата. Ние во студијата користевме две техники со поединечни шевови, данкинг-инвагинирачка анастомоза и „дакт ту мукоза" во два слоја. Предмет на студијата беше споредување на овие две техники на шиење што ги применивме, додека цел беше да го откри- еме соодносот меѓу ризикот и бенефитот за обете, данкинг и „дакт ту мукоза" анастомозата. Материјал и метода: Во нашата последна серија од 25 пациенти со карцином на главата на панкреасот направивме стандардна дуоденопанкреатектомија. По предоперативната подго- товка и стејџингот со УС, контрастен ангио цт-скен, ту-маркери, пациентите беа оперирани. Кај 15 пациенти направивме инвагинациска данкинг-анастомоза, додека кај 10 направивме „дакт ту мукоза" анастомоза во два слоја. Во првата група имавме 6 пациенти со мек панкреас и 8 пациенти со тесен панкреатичен канал, помал од 3 мм. Во групата пациенти со „дакт ту мукоза" имаше 5 пациенти со мек панкреас и 4 со тесен главен панкреатичен канал. Сите други фази од операцијата беа унифицирани, така што единствената разлика во процедурата остана на типот од панкреатикојејуноанастомозата. Појавата на постоперативната панкреатична фистула беше проценето со откривање на алфа-амилаза во трипати поголема концентрација од серумската, од третиот постоперативен ден во течноста од дреновите. Резултати: Во групата пациенти со „дакт ту мукоза" анастомоза немаше клинички реле- вантна постоперативна панкреатична фистула, додека во групата данкинг-анастомоза имавме 4 постоперативни панкратични фистули Б, 26 %. Еден од овие 4 пациенти доби интраабдоминална колекција - апсцес, кој конзервативно го менаџиравме со промивање низ дренот. Во споредба со групите, сепак, немаше значајна разлика во појавувањето на постоперативна панкреатична фистула, п > 0,05 п = 0,125. Кај 21 пациент од вкупно 25 предоперативно беше инсталиран би- лијарен стент за разрешување на предоперативната жолтица. Сите 21 страдаа од предоперативен и постоперативен рефлуксен холангитис, кој го продолжи болничкото лекување. Заклучок: Досега има многу студии што објавуваат спротивни резултати кога ги компа- рираат овие две техники при креирањето на панкреатикојејуноанастомозата. Во нашата студија, техниката „дакт ту мукоза"покажа подобри резултати како техника, докажувајќи го подобар со- односот на ризикот и добивката. Сепак, понатамошни големи рандомизирани клинички студии мора да се направат за да се разјасни која од овие процедури би била главен избор на хирургот за креирање на панкреатикојејуноанастомоза. [ABSTRACT FROM AUTHOR]