Заздравувањето на раната е динамичен физиолошки процес, кој има цел да ја врати нор- малната архитектура и функција на оштетеното ткиво. Плазмата богата со тромбоцити (ПРП) е автологен продукт од полна крв и содржи голем број тромбоцити во мала количина плазма, која има целосен состав на фактори на коагулација што се во физиолошки концентрации. ПРП има хемостатски, атхезивни својства и влијае супрафизиолошки во процесот на за- здравување на раната и на остеогенезата. Тромбоцитите имаат многу важна улога во процесот на заздравување на раната. Факторите на раст што потекнуваат од тромбоцитите го забрзуваат и го подобруваат квалитетот и брзината на заздравување на раната преку различни механизми на дејство. Во овој ревијален труд ќе бидат опишани: биологијата на тромбоцитите и нивната улога во процесот на заздравување на раната, процесот на правење, поделба, концентрација и акти- вација на ПРП, како и употребата на ПРП во пластичната хирургија. [ABSTRACT FROM AUTHOR]