Авторите презентираат редок случај на гигантска медиастинална циста која потекнува од ти- мичната жлезда, која иде надоле во двете плеврални празнини, особено во десниот дел од градниот кош каде што е сместен доминантниот дел од цистата. Цистата беше исполнета со 2,5 литра безбојна течност и ги компримираше околните структури, како срцето, обата белодробни крила, особено десното кое беше делумно колабирано. Пациентката со медиастинална циста, жена на 52 години, беше без било какви симптоми, беше случајно откриенана случајно направена Ртг графија на бели дробови, каде се гледа засенченост на дисталната третина на десниот хемиторакс. Случајот беше комплетно документиран со ЦТ на граден кош, по што се постави индикација за хируршки третман. Хируршката интервенција беше успешно изведена во општа анестезија, преку мала десна предна торакотомија, преку која се мобилизира најголемиот дел од цистата кој беше сместен во десната плеврална празнина, но по тоа се отстрани цистата во целост со отстранување на цистата од предниот и горен медиастинум заедно со тимичното ткаење од кое потекнуваше, за на крај да се отстрани и делот од цистата кој беше во левата плеврална празнина. [ABSTRACT FROM AUTHOR]