Плевралните инфекции се чести. Брзиот третман го намалува морбидитетот, морталитетот и должината на хоспиталниот престој. За несреќа напреднатите стадиуми на емпием захтеваат примена на екстензивна хирургија, како декортикација или торакопластика. Раната детекција на парапне- умоничните изливи и адекватна терапија на истите со примена на торакоцентеза или плеврална дренажа, кои се минимално инвазивни процедури, можно е да го спречи прогресот на болеста да не настане емпием. Цел: Анализа на резултатите од хируршкиот третман кај пациентите со емпием третирани на Кли- никата за торакална хирургија. Материјал и методи: Во ретроспективна студија анализирани се 234 пациенти емпием третирани на Клиниката за торакална хирургија во 5 годишен период (2011-2015). Средната возраст на пациентите беше 51,94 години. Пациентите беа третирани со плеврална дренажа, декортикација и торакопластика. Ресултати: Со плеврална дренажа беа третирани 165/234 (70,51%) пациенти, од кои завршен е третманот успешно кај 124/165 (75.15%), но кај 41/165 (24,85%) покасно захтевале примена на декортикација. Со декортикација вкупно беа третирани 108/234 (46,15%) од кои примарна декортикација е инди- цирана кај 67/234 (28,63%) пациенти. Со торакопластика беа третирани 5/234 (2,14%) пациенти- 3 од пациентите со декортикација и кај 2 била применета примарна торакопластика која е индицира- на како последица на локален наод, долго време не третиран емпием или генерално општа тешка состојба која не може да поднесе декортикација. Средно време на хоспитализација беше 17.4 дена, од кои 13.4 дена престој по операција кај хируршки третираните пациенти. Во групата со примарна дренажа смртен исход бил детектиран кај 7/124 (5,6%), кај 5/105 (4,7%) во група на декортикација и кај 2/5 (40%) во група со торакопластика. Заклучок: Рана детекција на парапнеумоничен излив и адекватен третман може да превенира појава на емпием. Доколку се детектира емпием, неопходно е што порано да се започне со третман пред се со минимално инвазивни хируршки процедури-торакална дренажа. Во раните стадиуми возможно е да се употреби помалку инвазивен тип на декортикација, користејќи ВАТС, наместо класична отворена торакотомија и декортикација која е поагресивна хируршка интервенција. [ABSTRACT FROM AUTHOR]