Вовед: Да се претстават пациенти со симптоматска болест на супклавијалната артерија и можноста за третман. Приказ на случај: 53-годишна жена беше примена со вртоглавица и со клаудикација на левата рака. Дуплекс-скенирањето и МСКТ-артериографијата ја потврдија оклузијата на супклавијалната артерија. По неуспехот на ендоваскуларниот третман, пациентот беше префрлен на хируршки третман – супклавијална артериска транспозиција. По успешниот хируршки третман, пациентот е отпуштен на вториот постоперативен ден. Ако е пациентот кандидат за операција, прегледот на литературата покажува добри почетни и долгорочни резултати на супклавијалната артерија и ја истакнува оваа техника како супериорна. Заклучок: Транспозицијата на супклавијалната каротида е безбеден и ефикасен метод на лекување кај пациентите по неуспехот на ендоваскуларниот третманот или друга индикација. Исто така, хируршкиот третман е технички напорен, поради тешкиот пристап до потеклото на садот, и тоа бара искусни хирурзи. [ABSTRACT FROM AUTHOR]