Вовед: Атеросклерозата кај млади и кај пременопаузални жени со системски лупус еритема- тозус (СЛЕ) е честа, предвремена и прогресивна. Иако асимптоматски или со атипична клиничка презентација, пациентите се со висок ризик од кардијални настани. Целта на студијата е да го процени ризикот за атерогенезата и преваленцата на абнормалностите кај миокардната перфузија со 99mTc миокардна перфузиска сцинтиграфија (МПС) кај млади и пременопаузални жени. Материјал и методи: Шеесет женски пациенти, на возраст од 30 до 72 години (поделени во две подгрупи: пациенти под 45-годишна возраст и група пациенти над 45-годишна возраст), дијагностицирани со СЛЕ во текот на пет години, во активната фаза на болеста се анализирани за активност на болеста (SLEDAI), имунолошки статус на болеста (ANA и a-DNA антитела во серумот), прокоагулантната тенденција (антифосфолипидни антитела - AFL и лупус-антикоагулант-LAC), активност на воспалителниот процес (hsCRP), терапевтски пристап против СЛЕ и присуство на традиционални фактори на ризик за атеросклероза (BMI, пушење, хипертензија, хиперлипидемија, дијабетес и фамилијарна историја за КАБ). Користејќи еднодневен дипиридамол - rest 99mTc SPECT Gated MPS SPECT, беа проценети степенот, тежината и реверзибилноста на абнормалностите на миокардната перфузија, заедно со резултатите при стрес, одмор, како и волуменот и ежекционата фракција на левата комора. Резултати: Абнормални MPS SPECT беа откриени кај 27/60 или кај 45 % од пациентите со едносадовно зафаќање од 66,7 % (18/27 пац.) на LAD и 14,8 % (4/27 пац) на RCA и со двосадовно зафаќање на LAD/RCA кај 2/27 пациенти (7,4 %) и LAD/Cx кај 3/27 пациенти (11,1 %). Абнор- малностите во миокардната перфузија подеднакво се распространети кај подгрупите на пациенти помлади од 45 години (44,4 %) и кај пациенти постари од 45 години (45,5 %) (нс). Нема значител- на разлика кај подгрупите во однос на степенот на абнормалностите во перфузијата (9,8 ± 3,2 % од LV миокардна маса наспроти 9,8 ± 7,1 %, ns), тежината на дефектите (со доминација на благи перфузиски дефекти, 48,6 % vs 51,3 %, нс) и реверзибилност (реверзибилна кај 41,3 % и 58,6 %, ns). Разликите меѓу збирните резултати на тежината и степенот на исхемија во двете подгрупи беа статистички незначајни. Помладите пациенти имаа значително повисоки енд-дијастолни, енд-сис- толни и ударни волумени во услови на стрес и одмор, во споредба со постари пациенти (p < 0,01), иако нема разлики во систолната функција, односно не е засегната ниту една од групите како што е изразено кај нивната ежекциона фракција. Иако незначителни, помладите пациенти имаа повисоки вредности на hsCRP и повисоки прокоагулантни активности (позитивен aPhL, LAC) додека беа со поизразена активност на болеста, со повисоки SLEDAI скорови во споредба со постарите пациенти (p = 0,028). Повисоки SLEDAI скорови и волумените на ЛК, особено ЕДВ при стрес, се идентификувани како индикатор за абнор- мални МПС кај помладите групи и поагресивен третман со комбинација на повеќе лекови за СЛЕ како индикатор на нормален МПС. Заклучок: Преваленцата и карактеристиките на абнормалностите на миокардната перфузија кај младите пациенти со СЛЕ се исти како кај постарите пациенти со СЛЕ, што укажува на присуство на предвремена, забрзана атеросклероза кај младата група на пациенти со СЛЕ. Помладите пациенти со СЛЕ со добра контрола на болеста (повисок SLEDAI скор, помалку агресивен третман, високи вредности на hsCRP и изразена прокоагулантна тенденција) треба да бидат подложени на скрининг за абнормалности на миокардијална перфузија со употреба на 99mTc MIBI MPS. [ABSTRACT FROM AUTHOR]