Вовед: Минималната ефективна концен-трација на опиоиден аналгетик може значително да се разликува помеѓу пациентите. Генетските фактори кои влијаат врз фармакокинетиката и фармакодинамиката на опиоидните аналгетици може да придонесат за различната осетливост на опиоидните аналгетици. Пациенти и методи: Во студијата беа вклучени 99 пациенти оперирани од колоректа-лен карцином. Кај сите пациенти беше земена венска крв за ДНК-изолација и генотипизација на C3435T од ABCB1 генот. Според генотипот, пациентите беа поделени во три групи: CC-хо-мозиготи сo див тип алели, CT-хетерозиготи со мутантни алели и TT-хомозиготи со мутантни алели. Кај сите пациенти постоперативно беше даден фентанил на PCA-пумпа (patient controlled analgesia). Степенот на болка, потрошувачката на фентанил и несаканите ефекти беа корели-рани со резултатите од генетска анализа. Резултати: Пациентите со генотип CC кон-сумирале значително повеќе фентанил (375,0 μg ± 43,1), од пациентите во TT генотипската група (295,0 μg ± 49,1) и CТ-групата (356,4 μg ± 41,8) во третманот на постоперативна болка. Паци-ентите во TT-групата имаа понизок степен на бол-ка според VAS-скалата по 6 часа, 12 часа, 18 часа и 24 часа по операција. Нема значајни разлики во несакани ефекти кај трите генотипски групи во однос на инциденца на постоперативно повра-ќање и седација. Пациентите во групата ТТ има-ле почесто гадење степен 1, за разлика од паци-ентите во другите две групи. Заклучок: Нашата студија покажува дека полиморфизмите на C3435T од генот ABCB1 се поврзани со разликите во степенот на болка и потрошувачката на фентанил кај пациенти кои биле оперирани од колоректален карцином. Ге-нетскиот полиморфизам на C3435T може да по-служи како важен генетски предиктор при трет-ман на постоперативна болка. [ABSTRACT FROM AUTHOR]